„Бикот од Мајорка“ најави враќање на терените, но не утврди датум кога ќе се случи тоа.
За неговото враќање, свој коментар даде и некогашниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Германецот Борис Бекер, кој верува дека Надал се уште не го кажал последниот збор.
„Надал е тенисер кој е идол на многу генерации, милиони фанови ширум светот го следат и сакаат да го видат назад на терените. Верувам дека тој никогаш не би се вратил ако види дека нема шанси за да освои големи турнири. Така да, тој не се враќа за да игра во 1. или 2. коло, тој доаѓа да ги освојува големите турнири“, порача Борис Бекер.
Шпанецот нема заиграно од Австралија Опен, кога беше елиминиран од Мекензи Мекдоналд, па доживеа повреда на колкот и мораше да оди на операција од која се уште се опоравува.
Фокусот на Рафаел Надал ќе биде сигурно на земјените терени, посебно на Ролан Гарос, но и на Олимписките игри во Париз.