Бекер изнесе мислење за сагата во Австралија, но испрати и порака која Ѓоковиќ мора да ја слушне!

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, по сагата која беше актуелна во Австралија, му испрати една јасна порака на српскиот шампион.

Бекер смета дека Ѓоковиќ треба да се вакцинира, со цел да ги оттргне сите обвинувања од страна на медиумите и дел од новинарите за она што му се случуваше деновиве.

Ѓоковиќ сигурно ја плаќа најголемата цена на денешницата, но сепак, Владата го има последниот збор. Во сагата во Австралија нема победник, Ѓоковиќ едноставно загуби. Ѓоковиќ не прекрши ниту еден закон, но очигледно сето ова за него беше голем удар“.

„Австралија Опен е неговиот омилен турнир, го освојуваше девет пати, сакаше да го собори рекордот по освоени гренд-слем трофеи, а сега шансата му еодземена, така да мислам дека длабоко во себе е фрустриран. Но би му советувал дека треба да се вакцинира“, истакна Бекер.

Прашање е каков статус ќе добие и во Париз на „Ролан Гарос“ бидејки и од таму доаѓаат најави дека нема да му биде дозволено да игра доколку не е вакциниран.