Бекер го налути Зверев: Воопшто не ме интересира што зборува тој за мене

Борис Бекер деновиве јавно го искритикува Александар Зверев поради начинот на неговата игра.

Германскиот стратег во најновиот подкаст, му префрли на Александар Зверев дека не пружа доволно од она што го има во себе на Гренд слем турнирите.

Знам што треба да правам и како да настапам на Гренд слем турнирите. Навистина знам, барем мислам дека е така и се надевам дека наскоро ќе стигнам до позначителни резултати“.

„Борис и јас се знаеме неколку години, добро знам какво мислење има за мене. Знам што мисли тој и јас не сум изненаден. Мојата главна цел сега е да донесам злато за Германија на ОИ. Напорно се подготвувам за тоа, па ќе видиме што ќе се случува, а инаку, воопшто не ме интересира што мисли и зборува Бекер за мене“, нагласи Александар Зверев.