ББЦ го нарече Јунајтед ѓубре, па се извини

Британската телевизија ББЦ јавно се извини поради својот гаф откако во емисија во живо денеска го нарече Манчестер Јунајтед ѓубре.

За време на вестите, на кајрон одеше „Манчестер Јунајтед е ѓубре“ што предизвика лавина коментари и на социјалните мрежи и во другите медиуми. Поради тоа телевизијата мораше да упати официјалн извинување.

„Зад сцената, некој вежбаште како се користи тикер, ставаше порака, а тука се пишуваат разни работи. Се случи таков коментар да излезе во јавност. Ве молиме, примете извинување, особено како сте навивач на Манчестер Јунајтед, таа порака не требаше да се појави на екран“, објави уредничката на вестите на ББЦ.

Сето ова се случува само два дена откако Јунајтед ја заврши најлошата сезона во историјата на Премиер лигата, со само 58 освоени бодови.