Бартомеу бил во Амстердам – Де Лихт го рекол последниот збор

Капитенот на Ајакс, дефанзивецот Матијас Де Лихт и конечно и рекол не на Барселона, по што сега се отвара врата за трансфер во ПСЖ.

Шпанското радио Кадена Сер, пренесува дека Де Лихт отфрлил трансфер на Камп Ноу, иако првиот човек на клубот, Жозеп Бартомеу, бил во Амстердам лично на средба да го убедува овој фудбалер да се пресели во Барселона, каде претходно трансфер направи и Френки Де Јонг.

Де Лихт барал гаранции дека ќе биде стандарден во Барселона, но со одбивањето на понудата, тој допринесе за сега да има и посилна и поконкретна понуда од ПСЖ.

Парижаните се главни фаворити за потпис на најталентираниот дефанзивец во светот, а ситуацијата од страна ја следат Баерн Минхен и Јувентус, а се спомнуваше дека и Манчестер Јунајтед е подготвен да го лови овој играч со баснословна понуда.