Барселона слави за прво место во групата, но не и Френки Де Јонг – но има причина за тоа

Барселона вечерва буквално со голобради момци излезе на „Џузепе Меаца“ и успеа да го среди Интер (1:2), односно да го елиминира од понатамошната фаза во ЛШ.

Каталонците со победата на најдобар можен начин го потврдија првото место во групата, но по натпреварот се случи една интересна ситуација.

Сите на терен славеа, освен Френки Де Јонг, играчот кој минатата сезона настапуваше за Ајакс, па откако виде на официјалниот видео бим дека резултатите не се во корист на Ајакс и дека тие се елиминирани, направи разочарувачка гримаса и не му беше сеедно во тој момент.