Барселона и Берлин повторно финалисти на Супер Глоб

Екипите на Барселона и на Берлин втора година по ред ќе играат во финалето на „Супер Глоб“ во Доха, Катар. Барселона во првото полуфинале го победи европскиот првак Монпелје со 37:30, иако на полувреме Французите водеа со гол предност – 19:18. Во второто полуфинале Берлин го совлада домашниот тим Ал Садд со 26:20.

Финалистите се воедно и последните две екипи, кои победија на последните пет изданија на турнирот во Доха. Барселона има три титули (2013, 2014, 2017) и Берлин со две титули (2015 и 2016).
Во ланското финале Барселона го победи Берлин со 29:25.

Финалниот натпревар се игра во петок на 19.окотмври, додека во „малото финале“ ќе играат европскиот првак Монпелје и домаќинот Ал Садд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Со 30 добри минути не се победува Барселона – Вардар се загуби во вториот дел, цепелинот најдобра акција

Еурофарм Работник патува во Берн со +10 за реванш пресметката (29:19)

ВИДЕО: Вардар со гол негатива во Блауграна – Милосављев херој, Дисингер со луциден лоб-гол

Нов пораз во Лигата на шампионите: Металург загуби и од Бешикташ

Парондо: Мораме да го подобриме нападот против Барселона

(ВИДЕО) ЕХФ му симна капа на Скубе: Вардарецот е симбол за фер-плеј

Лазаров со добар учинок – Нант забележа нова победа во Франција

ПСЖ ја гази конкуренцијата во ЛШ – се е полесно кога за кормилар го имате Раул!

Девет од девет за Еурофарм Работник по 9 кола