Барселона го врати Валдес

Некогашниот шпански голман Виктор Валдес се врати во Барселона за да ја започне тренерската кариера и да го води тимот до 19 години, потврди каталонскиот великан.

Валдес договори едногодишна соработка, со опција на уште една сезона.

Со младинската екипа подготовките за новата сезона започнуваат на 29. јули, а за помалку од еден месец, на 27. август, го очекува мечот против врсниците од Ајакс на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам.

Тој е најуспешниот чувар на мрежата во историјата на Барселона со 539 натпревари и дури 21 трофеј, меѓу кои се и шест титули во Шпанија и три во Лигата на шампионите.

На лично инсистирање го напушти „Камп Ноу“ во летото 2014. година, само три месеци по тешката повреда на коленото, а потоа беше член на Манчестер Јунајтед, Стандард Лиеж и Мидлзборо каде пред две години ја заврши кариерата.