Барселона го нуди Дембеле по „дисконтна цена“

Во Барселона изгледа го загубија трпението со Усман Дембеле и сакаат да се ослободат од него по брза постапка. Каталонците се очигледно свесни дека по силните повреди и крајно проблематичниот карактер не можат да извлечат ни половина од вложените пари во младиот Французин, па сакаат барем да спречат понатамошно губење на пари. Бидејќи токму тоа е кога за играч кој често не е во тимот плаќате 12 милиони евра годишно, плус 6.000.000 низ бонуси.

А за да се ослободи од него, Барса мора да го понуди Дембеле на попуст и тоа сериозен. Пред три години Каталонците за тогаш еден од најдобрите играчи во Бундеслигата издвои 125.000.000 евра, а сега го нуди за „смешни“ 42.000.000. Така барем така тврдат дел од медиумите во Шпанија.

Ако сето ова е точно, намерата на Барселона е сосема јасна – што е можно побрзо да се ослободат од Усман Дембеле.

Оваа сезона тој одигра само девет натпревари, од кои пет ги започна како стартер. Даде еден единствен гол. Во последните три сезони во Шпанија има 74 настапи и 19 погодоци. Со математички речник, Дембеле ја чинеше Барса повеќе од 8.000.000 евра за секој постигнат гол.

На ваквата одлука на челниците на шпанскиот великан сигурно допринесе и актуелната финансиска ситуација во фудбалскиот бизнис. Барселона во годината во која бележи пад на профитот поголем од 150.000.000 евра и кога ги намали платите за 70 проценти, не може да трпи таков скапоцен фудбалер и тоа уште како резервист.

Каталонски „Спорт“ пишува дека ПСЖ, односно нивниот спортски директор Леонардо би можел прв да реагира. Но, на „Камп Ноу“ се надеваат на понуди од Италија, односно Кина.