Барса вклучува тројца фудбалери во операцијата за Бернардо Силва

Бернардо Силва е новата голема желба на Барселона и раководството на клубот дава се од себе за да го доведе во своите редови.

Но, операцијата воопшто нема да биде лесна бидејќи Манчестер Сити со секој нов ден ја зголемува цената за него бидејќи истекува и можноста за соодветна замена. Сега Барселона нуди 80, а Сити бара 100 милиони евра што е премногу за каталонскиот клуб.

Единствената опција трансферот да се реализира е во него да се вклучат неколку фудбалери. Прв избор е, секако, Френки де Јонг, но ако тој инсистира да остане на Камп Ноу, Барса ќе се сврти кон Сержињо Дест, Пјер Емерик Обамејанг и Мемфис Депај за кого мора да заработи нешто.

До крајот на преодниот рок остануваат уште две недели, доволно време да се средат сите проблеми, но на Бернардо Силва ќе му треба извесен период за адаптација во тимот.