Барса се откажува од својот фудбалер, Јунајтед сака да го купи!

Каталонскиот весник Спорт објави список од осум фудбалери од кои Барселона сака да се ослободи во летниот преоден рок.

Еден од нив е францускиот репрезентативец Антоан Гризман кој дојде на Камп Ноу минатото лето за 120 милиони евра. За него има заинтересирани, меѓу другите, сега и Манчестер Јунајтед кој е подготвен да понуди 100 милиони евра.

„На Олд Трафорд се одлучни во намерата да го донесат Гризман и подготвени се да платат добро за него“, пишуваат шпанските медиуми.

Барса сака да го врати Нејмар и да го купи Лаутаро во летниот преоден рок, а во таков случај нема да има место за Гризман.