Барса по принципот на Реал – почна да носи млади Бразилци

Откако Реал Мадрид за 18 месеци во своите редови донесе тројца бразилски тинејџери, Барселона се обиде да работи по истиот принцип.

Во нејзиниот случај не се работи за тинејџер, но сепак млад Бразилец, 21-годишниот Матеус Фернандес од Палмеирас. Трансферот уште не е финализиран, но фудбалерот, наводно, веќе се поздравил со соиграчите и стручниот штаб и се очекува деновиве да пристигне во Барселона.

Игра во средниот ред кој оваа сезона не е на посакуваното ниво и се очекува да донесе цврстина, а во блиска иднина да биде замена за Артуро Видал кој најдоцна на крајот од сезоната ќе си замине. Барса за Фернандес ќе плати 11 милиони евра од кои седум веднаш, а четири во бонуси.