Барса одлучи – тргнува по Нејмар!

Раководството на Барселона денеска донело конечна одлука во врска со можниот трансфер на бразилската суперѕвезда Нејмар.

Тамошни медиуми неофицијално објавуваат дека Бордот на директори одлучил да тргне по фудбалерот на ПСЖ, односно да почне преговори за премин на Камп Ноу. Наводно, преговорите ќе ги води лично претседателот на клубот Жосеп Марија Бартомеу со својот колега од францускиот шампион Насер Ал Келаифи.

Барселона инсистира да се оди со размена на играчи, односно за Нејмар да даде барем двајца свои фудбалери. Од ПСЖ уште нема мислење на оваа тема.