Барса настапи во Ел Класико со најмладата постава од 2005 година

Колку и да не им се допаѓаат променливите резултати на навивачите, јасно е дека Барселона се наоѓа во преоден период, односно подмладување на екипата која ќе го носи товарот претстојните сезони.

Доказ за тоа е и последното Ел Класико во кое каталонскиот клуб настапи со фудбалери чија просечна возраст беше 25 години. Во однос на минатата сезона, тука не се 33-годишните Суарес и Ракитиќ, а нивните позиции ги пополнија младите Де Јонг и Дембеле. Тука се уште младите Араухо, Мингеса, Дест и Педри. Мора да се истакне дека во екипата го немаше Ансу Фати кој е повреден, а со неговото присуство, просечната возраст ќе беше уште помала.

Ова е најмлада екипа на Барселона во едно Ел Класико од 2005 година. Интересно е тоа што тогаш триумфираше на двата дуела против Реал Мадрид.