Барса им наплаќа 102 фунти на навивачите на Јунајтед за влезница, „Ѓаволите“ жестоко возвратија

Како што се наближуваат мечевите од четвртфиналето во Лигата на шампионите, така и тензиите меѓу клубовите растат, а еден од најинтересните дуели од таа страна би требало да биде оној меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона.

Како што и обично се случува кога станува збор за мечевите од Лигата на шампионите, проблем се цените на влезниите за гостинските навивачи кои инаку не се фиксни.

Така, Барселона одлучи на навивачите на Јунајтед за реваншот од четвртфиналето да наплатвуа влезница по цена од 102 фунти. Тоа е, според мислењето на челниците на Јунајтед, но и секој нормален навивач, премногу, па „Црвените ѓаволи“ донесоа интересно решение.

Управата на Манчестер Јунајтед одлучи на навивачите на Барселона исто така да им наплаќа цена од 102 фунти, но од тие приходи управата ќе му уплати на секој свој навивач по 27 фунти за гостувањето на „Камп Ноу“. Така навивачите на „Црвените ѓаволи“ гостувањето ќе ги чини 75 фунти (барем кога станува збор за влезница за мечот).

Во овој случај сметаме дека нашите навивачи повторно се подложни на прекумерни цени на влезници од страна на домашниот клуб. Повторно мораме да донесеме тешка одлука и на навивачите на Барселона да им наплаќаме влезници за мечот на „Олд Трафорд“ по истите цени како Барса на нашите навивачи на „Камп Ноу“ (102 фунти). Ќе ги искористиме тие дополнителни приходи со цел да ги субвенционираме патните трошоци на нашите навивачи така што ќе платиме 27 фунти разлика во цената за секој наш патник“, се наведува во соопштението на Манчестер Јунајтед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се одмотува клопчето: Погба побарал да почне преговори со Реал

Навивачите на Ливерпул се фанови по порачка – по Јунајтед сега навиваат за друг

Нова жртва и трагедија во семејството Сала: Ништо не е веќе исто за нив овие неколку месеци

Адебајор раскажа анегдота: Како Мурињо беснееше во соблекувални поради Роналдо

Силна најава на Скај Спорт: Азар и Погба во пакет кај Зидан

Вирусот повторно актуелен – Рој Кин анализира што ќе му направат на Оле Солскјер

Јанев до пред неколку месеци беше незаменлив во Беласица, а пред него сега е најважната животна битка

Тито Виланова на шест дена пред смртта го повикал Меси и со својот потег ја спасил Барселона

Првиот фудбалер кој летово ќе го напушти Јунајтед, ќе се пресели во Арсенал?!