Барса и Челзи пред договор, пари и играч за потписот на Де Јонг

Барселона ги украде договорените трансфери на Рафиња и Жил Кунде од Челзи, Роберт Левандовски ги одби „Сините“ за Каталонците, а сега овие клубови би можеле да ја комплетираат размената на летото.

Како што пренесува каталонски „Спорт“, Челзи на Барселона и понудил 70 милиони евра, како и Маркос Алонсо за трансферот на Френки де Јонг!

Барса бара 80 милиони евра за Холанѓанецот, а Челзи го цени Алонсо на 10 и знае дека тој е најголемата желба на Чави како конкурент на Џорди Алба.

Де Јонг е најплатениот играч на Барса, тој одбива нов договор и намалување на платата, па клубот на секој начин се обидува да го продаде. Челзи сака и Де Јонг да се ослободи од Алонсо, чиј статус е загрозен со доаѓањето на Марко Кукуреља. Шпанецот влезе во последната година од договорот и пред три месеци ги договори личните услови со Барса.

На хартија се чини дека ова е „вин вин“ трампа, Барса би добила 70 милиони и играч вреден 10, па се чини дека сите би добиле.