Барса дава 642.000.000 евра за плати: Управата бара 70%, играчите прифаќаат намалување од 30%

Не е баш конечен ден за одлука, бидејќи што и да се случи на денешниот состанок на Управниот одбор Барселона ќе постои и понатаму. Меѓутоа, каталонските медиуми јавуваат дека клубот и играчите се прилично далеку кога станува збор за предложеното намалување на платите на стадионот „Камп Ноу“.

Сигурно е дека намалување ќе има. Знаат и играчите дека тоа ќе го има насекаде, а ретко кој плаќа како Барселона. Проблем меѓутоа е што идејата на претседателот Жозеп Марија Бартомеу е за времетраењето на кризата играчите на стручниот штаб да се откажат од дури 70 проценти од приходите!

Од друга страна, радио „РАЦ1“, инаку мошне сигурен извор, јавува дека во пресрет на состанокот играчите прифатиле да се откажат од 30 проценти од платите.

Со една важна разлика. Играчите се подготвени да прифатат намалување на платата од 30 проценти се додека не заврши актуелната сезона, а никој не знае кога ќе се случи тоа. Клубот пак, предложи да примаат 70 проценти помалку плата, но се додека трае кризата. Тоа значи дека ќе се вратат на старата плата веднаш штом ќе биде безбедно да се тренира и да се играат натпревари. Но, теоретски повторно тоа може да биде август или септември, бидејќи никој не знае ни дали сезоната ќе може да се заврши.

Огромна разлка, особено ако се има предвид дека годишниот буџет на Барселона за плати за оваа сезона – со сите останати секции на клубот и вработени – изнесува 642.000.000 евра! Во таа сума спаѓаат и фудбалерите на Б тимот, фудбалерките, кошаркарите, хокеарите…

Делот кој оди на плати инаку изнеува 61 процент од целокупниот буџет. Само фудбалскиот клуб зема 552.000.000 евра, односно 53 проценти од годишниот буџет.