Баркли посочи со прст кон виновникот за повредата на Кеј-Ди

Легендарниот кошаркар од минатото, Чарлс Баркли, зборуваше за повредата на Кевин Дурент во финалето и го најде виновникот за таа повреда.

Дурент се врати на теренот по еден месец пауза, но успеа да одигра само 12 минути, по кои повторно се повреди и го напушти теренот.

Баркли во емисијата „Get Up“, јасно посочи дека како главни виновници за повредата на Кеј Ди ги смета само во Голден Стејт.

„Се прашувате цело утро дали некој треба да биде обвинет? Да, треба, Голден Стејт, затоа што тие го натераа Дурент на сила да игра. Против сите медиумски стории и се што се зборуваше, му направија притисок на Дурент да игра, и се случи тоа што се случи, не смееа да му дозволат да игра“, констатира Баркли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црвена Звезда го победи Партизан за 2:1 – „црвено-белите“ на чекор од титула

Томпсон на долга рехабилитација – што сега со неговиот договор во Голден Стејт?

Зад новиот НБА шампион стои Македонец

МВП на финалето од НБА со тажна животна приказна

Торонто испиша историја – нов НБА шампион

Титулата се врати во Аеродром: МЗТ му удри „метла“ на Работнички за седми трофеј во историјата

ВИДЕО: Драмата во Пионир резултираше со тројка на Партизан: Раде Загорац како Кецман!

Нено Димитријевиќ сепак се повлече од НБА драфтот во кој требаше да учествува

МЗТ Скопје на една победа до нова титула: Работнички повторно преслушан