Барем влеговме во историјата на европските првенства…

Освен што е дебитант на Европското првенство, на вчерашниот натпревар против Украина, македонската репрезентација влезе во историјата на континеналните шампионати во една статистичка категорија.

Овој меч е прв во 61-годишното постоење на европските првенства на кој двете репрезентации промашија по еден пенал. Кај нас тоа го направи Езѓан Алиоски, а кај Украинците, Малиновски.

Двата удари беа одбранети од голманите, но разликата е во тоа што Алиоски погоди по одбиената топка, а Димитриевски не дозволи по пеналот неговата мрежа да биде затресена.