Балканот владее со светскиот тенис: Гркот Циципас со титула во Лондон

Тенисерот од Грција Стефанос Циципас е освојува на завршниот АТП Мастерс турнир во Лондон откако во финалето го победи Доминик Тием со 2-1 во сетови со 6:7 (6), 6:2 и 7:6 (4).

Циципас со ова стана најмладиот тенисер во последните 18 години кој го освоил завршниот АТП турнир.

Во првиот сет и двајцата тенисери беа успешни на свој сервис, па тајбрејкот решаваше, а во него Тим победи со 7-8. Во вториот сет Циципас зема два брејка и со убедливи 6-2 изедначи на 1-1 во сетови.

Во третиот сет Гркот направи брејк во третиот гем, а го потврди без загубен поен на свој сервис за 3-1. Сепак, Тием возврати со брејк и израмни на 3-3. Сетот продолжи израмнето, а кулминацијата на финалето беше тај-брејкот во третиот сет. Циципас тргна одлично и направи мини брејк од 3-1,Тием се врати, но Гркот повторно направи брејк и победи со 7-4.

Тенисерот од Грција  со 21 година и три месеци стана најмладиот шампион на Завршниот мастерс уште од Лејтон Хјуит во 2001 година, на кој триумфираше во своето прво учество.