Балак жали за „погрешната одлука“ која ја донел во Челси

Михаел Балак открива дека жали што го напушти Челси, за да се врати во Баер Леверкузен, а посакува од денешна гледна точка да не го напуштил „Стемфорд Бриџ“.

Екс германскиот репрезентативец кој со Челси освои Премиер лига и ФА Куп, имаше четири годишна авантура со сините од Лондон, а тоа можело лесно да биде и подолг период.

При истекот на договорот, на Балак му било понуден само едногодишен договор, а тој посакувал барем две години, па решил да го напушти Челси во последен момент, иако сега жали.

Карло Анчелоти посакуваше да останам во клубот, но во Челси донесоа одлука да ми дадат само една година нов договор, а јас посакував барем две сезони. На 33 години подобро е да имате две години договор, за да си планирате подобро што понатаму“.

„Од денешен аспект, можеби и згрешив, требаше да останам, дури и таа една година, да прифатам и да видам потоа како ќе функционираат работите. Не мислев дека ќе се преселам во Леверкузен, до последниот ден всушност размислував да останам во Челси. Тоа беше како рунда покер, навистина се надевав дека ќе останам, но сепак ги напуштив“, рече Балак.