Баку понуди прво една, па втора драма: Верстапен се откажа, Хамилтон направи аматерска грешка

Неверојатен расплет во завршницата од трката во Баку, каде одеше кон тоа да има двојна победа на Ред Бул, но една необична ситуација целосно ја одолжи трката и пласманот во финишот.

Се беше подготвено за еден-два победа на Ред Бул, Макс Верстапен изгледаше комфорно и сигурно на 5 кругови до крајот, имаше сигурни 25+1 бодови, но ете, му се случи најнепосакуваното нешто.

Му експлодира буквално левиот заден пневматик, по што удри во заштитната бариера и за него трката трагично заврши. Веднаш потоа се случи безбедносно возило и математиките почнаа да растат во очите на останатите.

Повторно, најголем профитер од оваа ситуација требаше да излезе Луис Хамилтон, кој по откажувањето на неговиот најголем ривал на патеката, по спринтот направи неверојатна грешка, одејки силно во спротивен правец каде што најмалку требаше, за на крајот и тој да не освои бодови во трка која во последните 3 кругови беше предодредена за тој повторно да го преземе водството во генералниот поредок, вака Макс Верстапен останува прв со +5 бодови предност.

Но во самиот финиш, последните три круга имаше неверојатна борба на оние кои никој не ги гледаше на подиум, така да, Серхио Перез по одличната трка, сето тоа го преточи во среќна победа. На подиумот се пласираа уште и фантастичниот Себастијан Фетел и Пјер Гасли.

Во топ10 завршија уште Леклер, Норис, Алонсо, Џунора, Саинц, Рикиардо и Кими Раиконен.

Ред Бул по целиот хаос сега води со 25 бодови во генералниот поредок на конструктори со +25 пред Мерцедес.