Баксузна 2020 во НБА: Почина и Џери Слоун!

Легендарниот тренер на Јута Џез, Џери Слоун почина денеска, на 78-годишна возраст, од компликации од Паркинсоновата болест.

Неговата професионална тренерска кариера траеше повеќе од три децении, а почна во Чикаго Булс како помошник. Предводник на истиот тим стана во 1979 година, го водеше три сезони, а најдолго остана во Јута Џез – од 1988 до 2011 година. Со овој тим играше и во финалето на НБА во 1997 и 1998 година, но не успеа против Чикаго Булс. Оствари вкупно 1.223 победи и 20 пати со својот тим играше во плеј-офот од НБА лигата.

Џери Слоун е третото големо НБА име кое си замина од овој свет годинава. На 1 јануари почина поранешниот комесар Дејвид Стерн, а 25 дена подоцна во хеликоптерска несреќа загина Коби Брајант.