Баерн му нуди трампа на Сити, Гвардиола е заинтересиран

Лерој Сане и понатаму не е сигурен во своето останување во Манчестер Сити. Бара гаранции дека ќе игра, има договор до 2021. година и не сака да го продолжи.

Гвардиола изјави дека не му се потребни незадоволни играчи и дека Сане може да си оди, но се надева дека ќе остане.

На Баерн очајно му е потребен и тие се подготвени да искористат „мамец“.

Имено, во договорот би можеле да го уфрлат и Давид Алаба, Австриецот кој играше далеку подобро додека Пеп беше тренер на Баварците.

Тој би бил идеален за левата бековска позиција која е проблематична за „Граѓаните“, но може да биде и стопер, како и играч за врска, улога која ја има во репрезентацијата.

Шпанскиот стручњак обожава поливалентни играчи, односно фудбалери кои можат да играат на повеќе позиции во тимот, поради тоа е заинтригиран со оваа понуда на Баерн, а со оглед на тоа дека го има Марез тешко дека Сане ќе биде стандарден и оваа сезона.