Баерн Минхен се огласи – ја потврди разделбата по една деценија

Баерн Минхен на својата официјална веб-страница потврди дека Чави Мартинез повеќе нема да биде член на баварскиот гигант.

Шпанскиот фудбалер и Баерн на овој начин се разделуваат по девет одлични и трофејни години. Договорот на Мартинез истекува на 30 јуни и двете страни се согласија дека нема да има продолжување на договорот.

Мартинез дојде во Баерн во 2012 година, а со баварскиот тим беше осум пати германски шампион, пет пати го освојуваше Купот и двапати ја освојуваше Лигата на шампионите со Баерн.

Пред да дојде во Баерн, Мартинез одигра брилијантно за Атлетико Билбао, каде се приклучи како тинејџер од Осасуна во 2006 година, каде ја започна својата фудбалска кариера.

Сè уште не е познато каде Мартинез ќе ја продолжи кариерата. Се споменува одење во МЛС, Азија, но враќањето во Шпанија е исто така во центарот на вниманието. Наводно интерес покажале Атлетик Билбао, Валенсија и Вилјареал.

Споменатиот фудбалер забележа 18 настапи за сениорската репрезентација на Шпанија, додека за У21 селекцијата на Шпанија забележа 24 настапи.

Шпанецот со Баварците може да ја заврши ерата со трофеј следниот викенд освојувајќи ја деветтата германска титула.