Баерн Минхен подготви меч во чест на Томас Милер

Баерн Минхен веќе ја осигура титулата во Бундес-лигата, но баварскиот гигант максимално сериозно се подготвува за утрешниот последен домашен меч за оваа сезона, во кој на „Алијанц Арена“ ќе гостува Борусија Менхенгладбах.

Во центарот на вниманието дефинитивно ќе биде Томас Милер, големиот ас кој ќе го игра последниот меч на „Алијанц Арена“ како член на Баерн откако веќе беше објавено дека тој летово ќе си замине од баварскиот гигант.

Милер е една од најголемите легенди на клубот, играч кој урна бројни рекорди во дресот на Баерн, па управата на клубот организира спектакл во негова чест за утрешниот дуел.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО