Баерн го договори првото засилување, пристигнува младата ѕвезда на Шахтјор за 50 милиони

Баерн има нова млада ѕвезда на својот радар и е на добар пат да ја доведе веќе во јануари. На мета на германскиот шампион е 19-годишниот Тете, крилниот напаѓач на Шахтјор, играч кој во договорот има најголема откупна клаузула во историјата на украинскиот фудбал.

Секако, тие 150.000.000 евра колку што Шахтјор на хартија бара за Тете не се негова реална цена. Впрочем, како што откри застапникот на бразилскиот фудбалер, Пабло Буено, украинските „Рудари“ од Баерн побарале 50.000.000 евра, а од Германија пристигнал потврден одговор.

Буено би требало до крајот на неделата да пристигне во Киев, каде би требало да ја заврши последната рунда преговори на двата клуба и претставниците на младиот фудбалер. Пречки за да се заврши трансферот нема. Барем така тврдат и бразилските медиуми, кои пишуваат од аголот на Гремио, клубот од кој Тете замина во Шахтјор, а на кого би требало да му припадне убава сума на пари од очекуваниот трансфер.

Тете во февруари годинава прејде во Шахтјор за 15.000.000 евра, одигра досега 16 натпревари за украинскиот клуб, постигна четири гола, за три асистираше, но се што прикажа беше доволно да им се допадне на скаутите на Баерн кои предложиле негово купување.