Бабиќ: Против Шафхаузен, нападот мора да биде попрецизен, можеме да ги победиме

Еурофарм Пелистер во вториот меч од групата Д, гостува во Швајцарија кај Кадетен Шафхаузен.

Претходно и двете екипи забележаа порази, па ова ќе биде вистинска шанса за двете екипи да се рехабилитираат со победа.

Пред гостувањето кај Шафхаузен, тренерот на битолската екипа, Жељко Бабиќ, порача дека одат на ова гостување со почит за ривалот, но дека одат да се натпреваруваат.

Шафхаузен е тим со традиција, тим кој е добро подготвен, многу трчаат, имаат цврста одбрана. Играме против сериозен противник, па се надевам дека ќе победиме“.

„Во Швајцарија одиме со почит, но ова е натпревар на кој сигурно можеме да одиграме добар ракомет и да победиме. Немам многу што да менувам од претходниот натпревар. Доколку сакаме добар резултат, мора да бидеме прецизни во напад и на време да се враќаме во одбрана“, порача Бабиќ.