Азпиликуета пред дуелот со Атлетико: За да го победите Симеоне…

Во рамки на осминафиналните пресметки од ЛШ, вечерва Атлетико игра против Челси и Лацио против Баерн Минхен.

„Душекчиите“ се лидери во Примера и влегуваат како фаворит во дуелот против „сините“ од Лондон.

Тие се доста солиден тим. Многу добро знаат како се играат овие натпревари и имаат најдобри фудбалери. Против нив треба да бидете совршени за да победите. Симеоне прави големи резултати, минатата сезона заслужено го елиминираа Ливерпул, а резултатите последните 10 години укажуваат на тоа дека оваа екипа е во рангот на Реал и Барселона“, истакна Цезар Азпиликуета, фудбалерот на Челси.

Двете екипи првиот меч го играат во Букурешт, поради строгите здравствени мерки кои се донесени во Шпанија, а симболично домаќин е Атлетико Мадрид.