Азар требаше да биде локомотива на Реал, но тој е страшно мрзлив

Фрчат критики на сметка на Еден Азар по неговите први два натпревара во дресот на Реал Мадрид.

Очигледно повредата оставила трага, тој уште не е во најдобра форма, но на критичарите не им е многу гајле за тоа. Познатиот француски стручњак Ролан Курбис удри со сите оружја по белгискиот репрезентативец за изданието против ПСЖ.

„Азар требаше да биде локомотива на овој Реал, но во реалноста е само обичен вагон. Дојде на подготовките со 6-7 кила повеќе што е безобразно. Тој е страшно мрзлив, да бев јас во Реал, сигурно немаше да го донесам“, изјави Курбис.

Нова шанса да ги замолкне критичарите Азар ќе има в недела на гостувањето кај Севиља која е првопласирана по првите четири кола од Ла Лига.