Азар го допре дното – може да заигра во Втора лига

Белгискиот репрезентативец Еден Азар долго време се обидуваше да ја оствари својата детска желба и да заигра во Реал Мадрид, но тоа инсистирање би можело да му ја уништи кариерата.

Откако пред две години дојде во шпанската престолнина, Азар е повеќе повреден, отколку здрав, одигра само 54 натпревари и постигна пет гола и девет асистенции. Шпанскиот спортски дневник Марка тврди дека Реал се обидува да се ослободи од него бидејќи има превисока плата, а следна дестинација би можела да биде белгиската Втора лига, односно тимот на Вестерло.

„Јас и Еден сме пријатели, кога играше за Лил ми вети дека еден ден ќе заигра за Фенербахче. Вестерло се чини потешка варијанта, но зошто не би ја завршил кариерата овде“, изјавил сопственикот на Вестерло, Хасан Четинкај.

Во својата младост, Азар играл за друг белгиски клуб – Тубизе од каде се пресели во Лил и таму играше седум години. Најдобрите настапи ги забележа во Челси за кого одигра 352 натпревара и постигна 110 гола.