ТИТУЛА “АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ЗА 2018 ВО МАКЕДОНИЈА” ДОДЕЛАНА НА AUTOMOTIVE GROUP ЗА DACIA DUSTER

140

Претседателот на стручното жири Горан Антевски, по обраќањето и образложувањето на одлуката во име на жирито го предаде признанието на г-динот Жељко Барбарич – менаџер за продажба на групацијата Renault за регионот Адриатик

„ Националното Жири се раководеше од шесте критериуми: адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн и комфор и опременост.

Секогаш е тешко да се одбере најдобриот во сегментот на пазарот што постојано расте, но моделот Dacia Duster не е само уште едно СУВ возило, туку е иавтомобил што сигурно ќе ги задоволи личните, семејните па дури и бизнис потребите.

Dacia Duster се издвои според критериуми што се особено важни за македонскиот пазар, како што се адекватност и понуда на домашниот пазар, каде Dacia Duster ја направи решавачката предност.” – изјави Антевски.

При преземање на наградата Барбарич изјави: “За Renault групацијата 2017 –та година беше исклучително важна и Алијансата со NISSAN се покажа како неверојатно успешна приказна која го осигури местото број 1 на светско ниво.

Исто така групацијата оствари 4 рекорди по број на продадени возила, вкупни приходи, нето добивки и оперативна маржа, а со модели како што е новиот Dacia Duster и вакви партнери во Македонија како Аутомотив Груп сигурен сум дека пред нас се нови рекорди.“За време на свечената манифестација беше доделено и признанието „Томислав Билљарац“ за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија на Владимир Воиновски -човек основач на Еуроимпекс- увозник на возилата на Peugeot, во Македонија, Косоаво, Србија, Црна Гора и Албанија, и еден од доајените на автомобилскиот бизнис во Македонија