Австралискиот тенисер со поддршка за Ѓоковиќ: Не гледам дека Американците ги почитуваат мерките

До почетокот на УС Опен остануваат уште дваесетина дена, а се уште не се знае со сигурност дали ќе може да учествува минатогодишниот финалист и трикратен шампион на овој турнир, Новак Ѓоковиќ.

Тој не е вакциниран против коронавирусот, што го спречува да влезе во САД, но се уште постои надеж дека сегашните прописи во Америка ќе се променат и дека Новак ќе може слободно да се движи.

Зимоска имаше непријатно искуство во Австралија, но сега добива поддршка од австралискиот тенисер – Џон Милман.

„Имам коронавирус. Бев во САД и не добив чувство дека многу луѓе следат какви било правила или препораки во таа земја. Во ред е, но тогаш не можам да разберам зошто Новак Ѓоковиќ не може да дојде и да се натпреварува“, рече Милман.