Австралија Опен отстапува од вакцина-правилото? Што значи тоа за Ѓоковиќ?

Иако претходните неколку недели, организаторот на Австралија Опен беше радикален во своите ставови дека ќе бараат доказ за имунизација со вакција, сега тоа веројатно се менува.

ВТА им испратила мејл на сите тенисерки со известување дека и невакцинираните тенисерки ќе може да играат во Мелбурн, но дека ќе мора да одработат карантин во хотелот каде ќе бидат сместени.

Доколку ова е правило, тогаш веројатно и Новак Ѓоковиќ ќе може да игра на Австралија Опен без примена вакцина. Тој и Стефанос Циципас се уште не се имунизирани и прашање е дали ќе настапат на овој турнир.

Но останува прашањето дали ќе имат сите тенисери и тенисерки на АО ист третман како што се претпоставува.

Останува да се види реакција на АТП, но извесно е и логично дека и тенисерите би можеле да добијат ист третман, односно исклучок, да играат без примена вакцина.