Австралија Опен јасно порача до сите невакцинирани: На тоа прашање, допрва ќе одговориме!

Австралија Опен наближува, но и понатаму останува дилема околу протоколите и дали тие ќе им дозволат дури и на најголемите тенисери да присуствуваат, а да не се вакцинирани.

Мартин Пакула, министерот за спорт на австралиската држава Викторија, истакна дека правилата се сега поинакви за разлика од 2020 година, кога играчите доаѓаа со чартер лет, а потоа 14 дена поминуваа во карантин пред натпреварите.

Моментално се чини дека ќе има различни правила за оние кои доаѓаат од други земји и ќе биде важно дали се вакцинирани или не. Не мислам дека тениските мечеви ќе имаат исклучок. Дали невакцинираните ќе можат да настапат на Австралија Опен е прашање на кое допрва треба да се одговори на национално ниво“.

Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас, како и Елина Свитолина во женска конкуренција, се меѓу спортистите кои не потврдиле дали ќе се вакцинираат, а во минатото споменуваа дека и прашање е дали ќе се вакцинираат.

Доколку сум играч од АТП или ВТА, јас би се вакцинирал. Тоа ќе ми даде поголеми шанси за настап на Австралија Опен“, се надоврза Пакула.