Македонската одбојкарска репрезентација, денеска ги дозна противниците за ЕП2023, каде ќе се натпреваруваме во групата Ц, како домаќини, заедно со Бугарија, Италија и Израел.
Групата ќе биде доста интересна, таму за противници ги имаме ривалите, Црна Гора, Полска, Чешка, Холандија и Данска.
Несомнено дека Полска како двократен освојувач, е фаворит во оваа група.
Ова се сите групи кои денеска беа ждребувани во Неапол..
Група А: Италија, Германија, Србија, Швајцарија, Белгија, Естонија
Група Б: Бугарија, Словенија, Финска, Хрватска, Украина, Шпанија
Група Ц: МАКЕДОНИЈА, Црна Гора, Полска, Холандија, Чешка, Данска
Група Д: Романија, Израел, Франција, Грција, Турција, Португалија
Европското првенство ќе се оддржува во периодот од 18 август до 16 септември.
Континуитетот на македонските одбојкари продолжува, по Љубљана и Тампере, ова ќе биде трето големо натпреварување во кое ќе бидеме и ние дел.