АТП ранкинг: Ѓоковиќ далеку од врвот, Надал го напаѓа наскоро првото место?

На најновата АТП листа, може да се види голема промена во позицијата на Каспер Руд, кој по пласманот во полуфиналето напредуваше за две места и сега ги претекна Новак Ѓоковиќ и Стефан Циципас.

Новак Ѓоковиќ остана на својата 6. позиција, а Данил Медведев останува првопласиран на табелата, но поради загубата на многу бодови овој период од сезоната, го ризикува своето прво место кое во догледно време може да му припадне на Рафаел Надал.

Тој на УС ОПЕН ќе ги брани своите 2000 бодови, а доколку загуби, тоа ќе им одговара на Рафаел Надал, Александар Зверев и Карлос Алкараз, кои наскоро можат да го нападнат првото место.

Секако најголем фаворит за тоа место е Надал, кој не брани бодови во Синсинати, но ни на УС ОПЕН, па има фактички отворен пат да се врати на престолот во случај на добри резултати.

Шпанецот веќе во Синсинати може да го преземе првото место, доколку го освои турнирот, а Медведев доколку биде елиминиран порано.