Здружението на тениски професионалци (АТП) му ги одзеде бодовите на Вимблдон поради одлуката на организаторите на тој турнир да не им дозволат на руските и белоруските тенисери, но и тенисерките да не учествуваат на настанот.
Еден од најпрестижните турнири во светот на тенисот оваа година би можел да доживее целосен колапс. Прашање е колку тенисерите се подготвени да се жртвуваат само за да учествуваат на Вимблдон, ризикуваат евентуална повреда, а за возврат не би добиле ништо дури и да го освојат.
„Способноста на играчите од која било националност да учествуваат на турнири врз основа на нивните заслуги и без дискриминација е фундаментална за нашата турнеја“, се вели во соопштението на АТП.
Засега е под знак прашалник дали воопшто ќе се одржи Вимблдон, а доколку тоа се случи ќе има ревијален карактер. Но, се уште има простор Ол Ингланд клубот да ја промени својата одлука и да им дозволи на Русите и Белорусите да се борат на британската трева.