АТП листата замрзната, Ѓоковиќ во загуба

Заедничкото соопштение на АТП и ВТА потврди, меѓу другото, дека ранг листите во овие натпреварувања ќе бидат замрзнати најрано до 8 јуни, кога се очекува турнирите повторно да почнат.

Бодовите од турнирите во Мајами, Рим, Мадрид и Ролан Гарос нема да се бришат, што значи дека нема да има промени на листите, но неделите поминати на врвот нема да се бројат. Во моментов таму е Новак Ѓоковиќ кому му требаат 29 недели за да го собори рекордот на Роџер Федерер на местото број 1 на АТП листата.

Од паузата најмногу ќе профитира Рафаел Надал кој бранеше многу бодови во периодот од март до јуни и ако се одржи сезоната на трева, тој може значително да го зголеми своето контро затоа што на Вимблдон брани само 720 бода, а Ѓоковиќ 2000.