Атмосферата уште сега се загрева: Премиер лигата продолжува со големо дерби!

Клубовите од Премиер лигата одлучија 17 јуни да биде денот кога ќе продолжи натпреварувањето, а веднаш ќе се игра едно големо дерби.

На Ел Итихад ќе гостува Арсенал што уште сега ја крева атмосферата затоа што дуелот може да го одреди новиот шампион, односно да му даде шанса на Ливерпул три дена подоцна да го заврши 30-годишниот пост. Натпреварот меѓу Сити и Арсенал е заостанат од последното коло што се одигра пред паузата, а на 20 јуни ќе почне новиот круг.

Интересно е тоа што и во него ќе има едно големо дерби: Тотенхем-Манчестер Јунсјтед или директна борва за пласман во Лигата на шампионите.