Атлетико Мадрид по третпат или Олимпик Марсеј за првпат

196

До крајот на сезоната во еврокуповите на УЕФА треба да се одиграат уште два натпревара финалето во Лига Европа и финалето во Лигата на шампионите.

Вечерва е првото од овие две финалиња, во Лион ќе играат Атлетико Мадрид и Олимпик Марсеј.

За Атлетико ова ќе биде деветто европско финале, а трето во Лига Европа. Досега два пехара имаат освоено во Лига Европа и еден во Купот на куповите. Атлетико Мадрид беше првиот победник на Лига Европа откако УЕФА ги соедини КПК и УЕФА купот. „Лос Колчонероси„ победија и пред шест години кога го совладаа Атлетик Билбао во Букурешт. Тимот од Марсеј се уште нема трофеј во ова натпреварување, а победија во Лигата на шампионите 1993 година.

– Ќе имаме незгоден ривал. Кога испаднавме од Лигата на шампионите максимално се свртевме кон ова натпреварување, изјави тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

– Атлетико е фаворит, но ние ќе дадеме се од себе. За нас е голем настан, ниту еден француски клуб нема триумф во ова натпреварување, изјави тренерот на ОМ Руди Гарсија.

 

Финалето се игра во Лион, а почнува во 20:45 часот.