Атлетико Мадрид брзо реагираше и донесе замена за Диего Коста од Лион

Атлетико Мадрид официјално се засили оваа зима со ангажманот на Муса Дембеле кој го донесоа од француското првенство, поточно од Лион.

Извесен период се шпекулираше дека Диего Симеоне го посакува овој фудбалер како замена за Диего Коста кој си замина од „Ванда Метрополитано“ пред некој ден, а денеска ја официјализираа соработката.

Всушност доаѓањето на Дембеле во Мадрид е позајмица во редовите на „душекчиите“, по што ќе се врати во Франција.

При вакви ситуации, често има откупна клаузула, но од Атлетико Мадрид не открија дали всушност Лион им ставил право да преговараат за трансфер по истекот на позајмицата.