Францускиот ас Антоан Гризман влезе во историјата на Атлетико Мадрид, постигнувајќи го својот 200-ти гол во дресот на клубот. Неговиот погодок беше дел од убедливата победа на „јорганџиите“ против Севиља со резултат 3:0 во натпревар од Ла Лига.
Гризман уште еднаш потврди дека е еден од најважните фудбалери во ерата на тренерот Диего Симеоне, а Атлетико со овој триумф ја продолжи одличната форма и останува во борбата за врвот на табелата.
Севиља не успеа да им парира на домаќините, кои доминираа во текот на целиот меч. Освен Гризман, во листата на стрелци се запишаа и Мората и Лино, а навивачите на Атлетико со оваа победа добија двоен повод за славје – нови три бода и историски момент за нивниот најдобар стрелец во модерната ера.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: