Атлетичарот Ивановски успешно ја заврши Тарагона, следна цел ЕП во Берлин

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски синоќа на Медитеранските игри во Тарагона во финалето на 1.500 метри истрча најдобар личен резултат 3:47.13 минути и за 78 стотинки го одобри личното време постигнато во полуфиналето еден ден претходно.

Македонски рекордер во оваа дисциплина останува Ванчо Стојанов со време 3:45.97 минути.

Ивановски по враќањето од Тарагона ќе продолжи со подготовки за главната цел ова лето настапот на Европското првенство што од 7 до 12.август ќе се одржи во Берлин. Претходно Ивановски ќе настапи и на Балканското првенство што на 20 и 21.јули ќе се одржи во Стара Загора, Бугарија.
Оваа година на натпреварите во сала постави македонски рекорди во трките на 3.000 метри.

Ивановски оваа година ги одбрани првите места на полумаратонските трки во Скопје и во Белград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Хабиб случајно го откри договорот: Ѕвездата на УФЦ ќе биде жестоко казнета!

ВИДЕО: УФЦ не памети по крвава борба – ВОЗНЕМИРУВАЧКИ сцени

Не е шега: Нурмагомедов ќе се бори со Мејведер, се знае и терминот

Пред еден месец сите го сакаа Нурмагомедов, денеска сите го мразат

(ВИДЕО) ШОК: Шампионот во тешка ситуација по нокаутот – докторите се борат за неговиот живот

(ФОТО) Изразот на лицето на Вајлдер кога Фјури стана по вториот нокдаун е хит на социјалните мрежи

Шоу, драма, нокдауни и на крајот уште едно разочарување во тешкашкиот судир на годината

Сопругата на поранешниот играч на Црвена Звезда донираше пари за Партизан

Првиот човек на УФЦ ги откри плановите за Конор и Хабиб: Што е следно за Ирецот и Дагестанецот?