Астон Мартин: Фетел носи нова динамика, тој ќе ни покаже како се освојуваат титули

Себастијан Фетел од следната сезона ќе седне во болидот на Астон Мартин, што ќе биде сериозен предизвик за Германецот.

По неуспешниот обид со Ферари да освои титула, Фетел оди на нешто ново, од кое и самиот не знае што да очекува, но сигурно со нова енергија ќе има нов почеток.

Од Астон Мартин се убедени дека искуството на Фетел ќе им биде од непроценлива вредност.

Себастијан ќе донесе потполно нова динамика во тимот. Одлуката на Лоренс да го ангажира германскиот возач, покажува колку сме само сериозни во обидите да напредуваме“.

„Себастијан е повеќекратен шампион, може да донесе многу нови работи во тимот. Посакувавме некој кој има титула во кариерата и возач кој ќе ни покаже што е потребно за повторно да се освојува титули. Тој ќе ни покаже како се победува и како се освојуваат титули“, порача техничкиот директор на Астон Мартин, Енди Грин.