Асистентот на Тен Хаг со предупредување до играчите: На некои работи ќе мора да заборавите!

Некогашниот асистент на Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед, Стив Мекларен, ќе биде дел од стручниот штаб и на новиот тренер, Ерик Тен Хаг.

Искусниот Мекларен најавува дека никакво беснеење на терен и во соблекувалните од играчите, нема да придонесе за толеранција кај новиот тренер.

Секој во клубот ќе мора да ги прифати правилата, условите, мора да бидат свесни за последиците за она што го правите погрешно“.

“Мора да бидете посветени на она што го работите, да бидете класа, посебно во денешниот фудбал. Јас сум подготвен за хаосот кој ќе следи кога играчите ќе почнат да доаѓаат на 27ми“, порача Стив Мекларен, мислејки на почетокот на подготовките за новата сезона.

Јунајтед се уште нема остварено прво засилување ова лето, а тоа се очекува да се случи на крајот од овој месец.