Асенсио му донесе титула на Реал Мадрид!

Реал Мадрид е првиот виртуелен шампион на Шпанија.

Во недостаток на вистински фудбал, во Шпанија се организираше турнир FIFA La Liga Challenge, а на кој учествуваа 20 играчи, односно по еден играч од секој клуб во Ла Лига кој би го претставувал својот тим во играње FIFA 2020.

Телевизијата „Гол“ во саботата и неделата во живо ги пренесуваше натпреварите кои се играа на Плејстејшн, а организатор беше шпанската Ла Лига.

Голем број навивачи ширум Шпанија ги следеа неизвесните мечеви, а шампион на крајот беше Реал. Телевизиските коментатори сето тоа го збогатија со разни коментари.

Марко Асенсио инаку му ја донесе титулата на Реал, кој во финалето го победи Леганес со 4:2.

„Џојстикот ми е секогаш жежок… За време на натпреварите бев се подобар и подобар, а турнирот го одиграв спектакуларно во секој поглед“, изјави Асенсио.