АС носи ексклузива: Азар (ќе) се враќа во Челси?!

Белгискиот фудбалер Еден Азар размислува за враќање назад кон Англија, по прилично неуспешните две сезони поминати во Примера.

Азар во Реал дојде од редовите на Челси, како големо засилување кое беше платено 140 милиони евра, но не успеа во потполност да блесне и да ги задоволи апетитите на секогаш специфичните водечки луѓе во Мадрид.

30 годишниот фудбалер за волја на вистината имаше и серија на повреди, кои едноставно не му дозволија да направи прогрес во формата и да напредува.

Реал Мадрид го купи скапо, со цел дека ќе ги оправда средствата, а ова лето тој може и да биде продаден.

Медиумите во Шпанија пишуваат за се поголемата желба на Азар да го напушти Реал и по можност да се врати повторно на „Стемфорд Бриџ“.

АС пишува дека Челси и тоа како е заинтересиран за белгискиот фудбалер, но дека сега цената за овој трансфер мора да биде под сите очекувања, наводно веќе понудиле до Реал Мадрид 55 милиони евра.