Фудбалерите на Арсенал во саботата го совладаа Лестер на гости,а тренерот Микел Артета беше задоволен од играта на својот тим.
„Многу сум задоволен од играта, доминиравме, многу напаѓавме, стоевме високо на теренот, но не успеавме да создадеме многу големи шанси“, изјави Артета по натпреварот и додаде:
„Тоа е нешто на што треба да работиме и што треба да го поправиме, но не примивме гол, тие имаа само еден удар кон голот.
Имавме многу ситуации кога имавме голема предност и треба да работиме на тие работи, можевме да имаме 14, 15 обиди и тоа секогаш може да ја направи разликата. Работиме на тоа“, додаде Артета.