Манчестер Сити се протна во следната фаза, односно до осминафиналето, откако вечерва го совладаа Арсенал.
По натпреварот Микел Артета истакна дека жали, бидејки верувал во неговите дека можат да сторат нешто повеќе од овој резултат.
„Разочарани сме вечерва, можевме да оствариме подобар резултат. Ова беше еден доста компетитивен и изедначен натпревар во кој решаваа нијанси. Добро го познавам Сити, ова е квалитетна екипа, а го покажаа тоа вечерва, но и ние бевме добри. Моите момци секој ден ми покажуваат се повеќе, затоа секој добива шанса која ја заслужува. Вечерва сакавме да победиме, но сме елиминирани, па разочарани сме“.
Микел Артета го прашаа дали е на повидок некој завршен трансфер оваа зима во Арсенал, а Артета порача:
„Знаете дека не би сакал да зборувам за тоа во моментов..“, порача Артета.